Петгодишниот Огњен од Србија е најмладиот кој го освои Килиминџаро

Петгодишниот Огњен од Србија е најмладиот кој го освои Килиминџаро

пред 1 година

Петгодишниот Огњен Живковиќ од Србија го собори рекордот и стана најмладото дете кое се качи на врвот на највисоката планина во Африка Килиманџаро. Огњен е од Рача Крагуевачка и како што напиша мајка му Катарина е новиот најмлад владетел на Африка откако се искачил на височина од 5.895 метри.

Огњен го собори рекордот на Колтан Танер од Албуркерки, кој на шест години го освои Килиманџаро.

„На шестгодишна возраст Колтон ја одеше полесната рута Лемос за седум дена. Оги тргна по потешката рута и на пет години го искачи Килиманџаро за шест дена“, рече Катарина Живковиќ која е фотографка.

Како што објасни водичот во регистарот се запишуваат годините без месеците, што значи дека следното дете кое сака да го собори рекордот на Огњен ќе мора да има четири години.

Огњен со неговите татко, мајка и сестра живее во Германија. Татко му Зоран се впуштил во животна авантура која никогаш нема да ја заборави, а за неа е заслужен е и дедото на Огњен.

„Мојот покоен татко и дедо на Оги ме научи географија. Првото нешто што ме научи беа највисоките планински врвови во светот. На моето патување во Норвешка минатата година и на пешачењето Тролтунга, водичот ни кажа за Килиманџаро и како Норвежаните можат да толерираат поредок воздух. Тоа ме скокоткаше, а потоа од љубопитност најдов статија на интернет за тоа како шестгодишно дете од Америка го освоило врвот на Африка. Гледајќи ги снимките, сфативме дека нашиот син има подобри предиспозиции. Желбата да го освоиме Килиманџаро растеше од ден во ден“, рече Зоран.

„Нашиот син без проблеми освојуваше врвови над 3.000 метри во Јужен Тирол и поминуваше повеќе од 20 километри дневно. Сè му беше забавно и интересно. Детската љубопитност му даваше сила. Неговата мотивација беа нашите убави разговори за природата. Никогаш не се пожали дека е уморен“, рече Зоран.

Огњен своите први излегувања во природа ги имаше на тригодишна возраст во Баварската шума. По петтиот роденден го освоил Ртањ на потешката северна страна, спиел во шатор на 4 Целзиусови степени и утрото преку селото Морова се спуштил на јужната страна. „Помина маршрута од 23 километри. Потоа ја освоил Бељаница. Тогаш сфатив дека е роден за големи предизвици. Бидејќи јас како татко го сакам алпинизмот и планинарењето, решив да го запознаам син ми во тој свет, каде секогаш бевме среќно изолирани од приземните глупости на секојдневието“, изјави таткото на необичното момче за нашиот портал.

Како што изјави Катарина, Огњен е многу љубопитно дете, полно со енергија. Од втората година бил голем вљубеник во вселената и сега знае сè за планетите. Сака да гледа лансирање на ракети во живо. Огњен е слатко и скромно дете кое се радува и на најмал детал, велат родителите.

„Мислам дека Огњен вистински ќе разбере само за неколку години што направи и што му овозможивме. Како мајка сум премногу горда. Едвај чекам да го гушнам и да ги слушам неговите приказни. Татко му пушти и солза на врвот“, рече Катарина.

Истакна дека Зоран и таа како родители се трудат да го натераат Огњен да разбере дека сè е можно и дека треба да верува во себе и да ги следи амбициите.

„Сакаме тој најмногу да верува во себе. И мислам дека е важно да го научи тоа како дете, да ја создаде таа самодоверба и да нема никакви трауми од детството. Многу ни е важно таа да има добра основа уште од детството“, рече Катарина.

Таа ги советува родителите да се потрудат да ги остават децата што повеќе да бидат во природа, да ги пуштаат да се извалкаат и што повеќе да бидат дел од природата. Ги советува и да направат обиди да ги натераат да бидат што помалку пред телефонските и телевизиските екрани.

Share
Scroll to Top