Петооделенец стана „Читач на годината“, откако прочитал 300 книги за една година

Петооделенец стана „Читач на годината“, откако прочитал 300 книги за една година

пред 4 години

Петооделенецот Денис Рахмановиќ, од школото „Јован Ристиќ“, во Борч, го освои признанието „Читач на годината“. Тој во 2020 година прочитал 300 книги.

Признанието му го доделија од Градската библиотека во Белград, за време на прославата на 90. роденден. Со ова Денис стана најмладиот кој успеал да ја освои оваа награда.

Денис вели дека пандемијата со коронавирусот влијаела на сите и дека децата главно наставата следеле онлајн, па имале повеќе слободно време за читање. Тој голем дел од времето го поминал дома и одлучил да го искористи читајќи квалитетна литература.

„Мама и тато ми читаа книги за деца, сликовници, уште кога бев прво одделение, продолжив да читам сам. Ги научив буквите на пет години и тогаш ги засакав книгите. Во школо почнав да читам лектири. Бранко Чопиќ, Бранислав Нушиќ, Урош Петровиќ се само некои од писателите кои ми се омилени“, изјавил Денис.

Тој посочи дека неговата омилена книга која ја прочитал минатата година е „Перси Џексон и Олимпијците“, од Рик Риордан.

 

 

 

Share
Scroll to Top