Оваа година, две бои особено се издвојуваат каде и да се свртиме, бордо и кафеава, но тие не се единствените нијанси што ќе ги носиме.
Новата модна сезона секогаш носи бран свежи трендови што едвај чекаме да ги истражиме, а зимата 2025/2026 не е исклучок. Иако деновите се пократки, а вечерите потемни, модните експерти се согласуваат за едно: нема причина нашата гардероба да биде мрачна. Најлесниот начин да го освежите вашиот постоечки стил е да си играте со боја. Можете да ги задржите вашите омилени кроеви и силуети, но да им внесете нов живот преку нови, луксузни нијанси.
Подолу, ви донесуваме пет клучни трендови во боите што ќе ги видиме насекаде во 2026 година, плус еден што ви советуваме да го прескокнете.
Сите нијанси на кафеава
Ако постои спектар на бои што неоспорно владее со пистите оваа зима, тоа се сите нијанси на кафеава. Камел, чоколадна, беж, кафеава – сите овие нијанси се сè уште клучните неутрални тонови на годината. Велурот е дефинитивно најкул начин да се носат било која од овие варијации.

За оние кои бараат нешто дополнително свежо, нијансата „french roast“ е одличен избор. Доволно е темна за да биде црна алтернатива, но има богата, земјена нота што привлекува внимание, особено кога е во комбинација со други природни тонови како шумско зелена, окер или теракота.
Зелена перидот
Постојат неколку нијанси на зелена боја кои моментално се искачуваат на листите на популарност, но најпопуларната и најнеочекуваната е зелената перидот. Оваа нијанса на полускапоцениот камен перидот (оливин) гарантирано ќе ве издвои дури и ако ја користите бојата во мали дози, како елегантни рамни чевли со зашилен врв или сатенска чанта.

Иако може да изгледа пренападна за носење, тајната на оваа жива нијанса лежи во боите со кои ја комбинирате. Жолтите, сините и другите нијанси на зелена боја помагаат да се ублажи „токсичноста“ и да се создаде хармоничен тонски ефект. Од друга страна, розовите и црвените бои служат како контрасила, без разлика дали ќе се одлучите за попригушени нијанси или подеднакво живи варијанти.
Зимски цитрусни бои
Иако сме навикнати да ја гледаме портокаловата боја низ призмата на есенските тикви, зимата 2025 се свртува кон посвежи, цитрусни варијации. Многу модни куќи ја прифатија портокаловата како тренд, а овие тонови се повеќе наклонети кон светли цитрусни нијанси како мандарина и клементина.
Овој тренд служи како совршен начин да внесете малку веселост во мрачните зимски денови, дури и ако е само цитрусна маица под вашиот омилен беж кардиган. Овие тонови делуваат како визуелен витамин Ц кога ни е најпотребен.

Темна слива
Иако бордото продолжува да ја држи својата позиција како главен тренд на сезоната, има забележливо поместување кон виолетови нијанси. Оваа нијанса на темно, слива-виолетова е исто толку лесна за носење како и нејзината црвеникава братучетка, бордото, но се чувствува малку поразиграно и неочекувано.
Можете да изградите сосема нов outfit околу оваа кралска нијанса, но не мора да измислувате топла вода за успешно да ја носите. Едноставно заменете ги вашите вообичаени бордо омилени со слива, аметист или „модар патлиџан“ верзии.

Морнарско сина
По година исполнета со темни бои, не е изненадување што оваа темно сина нијанса одеднаш стана задолжителна. За почеток, додадете ја таму каде што нормално би посегнале по црна, или обидете се да носите посветла, избледена верзија со црни парчиња за неочекувана и многу интересна комбинација.
Не плашете се ниту од влијанието на препи стилот – класичните темно сини палта и поло маици наскоро би можеле да станат не само класици, туку и многу трендовски парчиња.
Пастелно розова
Меките и нежни нијанси на розова се во пораст веќе некое време, но во новата година ќе го достигнат својот врв како водечки тренд во боја. Тоа е исклучително ласкава нијанса која изгледа неверојатно во комбинација со буквално секоја друга боја на оваа листа.

Не плашете се од светлите нијанси во зима, а ако не ви е грижа, секогаш можете да се одлучите за светла розова, како гума за џвакање.
Бојата што ја прескокнуваме: Путер жолта
Иако со задоволство ги прифаќаме новите трендови, мора да се збогуваме и со некои. Најнеочекуваниот тренд во боја во последните неколку години, путер жолтата, полека завршува.

Се забавувавме со оваа нијанса инспирирана од храна, но не очекуваме да се задржи додека се приближуваме кон 2026 година. Тоа не значи дека мора нужно да ги фрлите сите парчиња со путер што сте ги купиле оваа година. Секако дека сè уште можете да ги носите.






