Пет држави во кои се пие најмногу алкохол по глава на жител, Чешка е на прво место

Пет држави во кои се пие најмногу алкохол по глава на жител, Чешка е на прво место

пред 3 години

Според податоците на Светската здравствена организација, Германија, Литванија, Латвија, Чешка и Молдавија се земјите со најголема потрошувачка на алкохол во светот за една година. Мерено во еквивалентни литри чист алкохол по жител кај лица постари од петнаесет години. 

Литванија (12,78 литри по глава на жител)
Меѓу првите пет се и две балтички земји, а Литванија го зазеде петтото место. Овде алкохолот најчесто се ужива во пивото, но и во локалната ракија и ликери, познати како квас, самана и старка.

Германија (12,79 литри по глава на жител)
Најнаселената европска земја (не вклучувајќи ја Русија) многу сака добри пијалоци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, каде што се одржува и Октоберфест. Но, без разлика дали ќе дојдете за време на најголемиот фестивал на пивото или не, добро пиво ве чека низ цела Германија.

Молдавија (12,85 литри по глава на жител)
Земјата, која граничи со Романија и Украина, има долга историја на производство на вино. Овде сепак ќе пиете одлични вина за релативно малку пари. Други пијалоци со кои се гордеат Молдавците се tuica и vicinata.

Латвија (13,19 литри по глава на жител)
Жителите на една од трите балтички земји се втори најголеми потрошувачи на алкохол во светот. Најчесто консумирани пијалоци се билниот ликер Рига црн балсам (се смета за национален пијалок), вотка и пиво.

Чешка (14,26 литри по глава на жител)
Чешка, сместена во Централна Европа, според податоците на Светската здравствена организација, е водечка земја по литри консумиран алкохол по глава на жител. Секако, омилен пијалок на Чесите е пивото, а првата пиварница е изградена во градот Пилсен, кој се наоѓа на 100 километри југозападно од Прага. Чеси, честитки за титулата!

Share
Scroll to Top