Пет правила на Клинт Иствуд за долг и здрав живот

Пет правила на Клинт Иствуд за долг и здрав живот

пред 3 години

Холивудскиот глумец Клинт Иствуд има пет правила до кои се држи, а за кои вели дека му помогнале да има долг и здрав живот. Во Холивуд е уште од 1955 година ѝ е голем миленик на филмската публика. Годинава наполни 92 години, но и понатаму вели дека може да глуми.

Во моментов работи на нов документарен филм за диви животни Why On Earth, а сите го прашуваат како може да е здрав и полн со енергија. Отсекогаш знаел да ја одржи телесната форма. Дигал тегови на 19 години, а децении потоа вели дека ја задржал редовната рутина.

Исхраната исто така играла клучна улога во ова, а глумецот ја откри тајната на долговечноста.

„Се обидувам да внимавам колку конзумирани масти внесувам во организмот. Никогаш нема високо ниво на телесни маснотии, но секогаш бев прилично уреден во исхраната“, рече Иствуд.

Претераната конзумација на заситени масти може да доведе до зголемување на нивото на холестеролот кој може да го ограничи влезот на крвта до виталните органи, како што е срцето. Ако дотокот на крв во срцето е блокиран, настапува срцев удар.

„Не конзумирајте јаглени хидрати, особено не богати десерти. Држете ја вагата во купатилото. Одморајте се доволно. Обидете се да бидете оптимистични. Јадете овошје и зеленчук. Земајте витамини. Прескокнете ги пијалоците полни со шеќер. Избегнувајте премногу алкохол“, вели тој.

Клинт Иствуд никогаш не јаде од задоволство, како што еднаш во едно интервју рече неговиот син Скот.

„Мојот татко не јаде од задоволство. Јаде лосос и кафеав ориз за појадок. Претпоставувам дека на некој начин сум сличен по тоа прашање“, рече Скот.

„Кога би можел да земам таблета која ми ги дава сите потребни хранливи состојки, би се откажал од храната“, додаде тој.

Експертите се согласуваат дека советите на Иствуд имаат смисла затоа што управувањето на тежината е одличен начин да го намалите ризикот од болести. На пример, прејадувањето може да го зголеми ризикот од развој на дијабетис тип 2, висок крвен притисок и мозочен удар.

Храната со висока содржина на заситени масти вклучува и масни производи како колбаси, путер и маст, сирење, сладолед, некои солени грицки, слатки, бисквити, кекс, торти колачи.

„Телесната маса на Иствуд е помала од 10%. Ја одржува исхраната со низок удел на масти и високи содржини на протеини. Исто така внимава на нивото на холестерол. Неговиот татко, човекот кој обожава месо и компири, почина релативно млад од кардиоваскуларна болест“, рече неговиот доктор Хери Демопулос.

Share
Scroll to Top