Пејачката Романа Паниќ се мажи за човекот со кого ограбуваше банкомати во Австралија

Пејачката Романа Паниќ се мажи за човекот со кого ограбуваше банкомати во Австралија

пред 2 години

Српската пејачка Романа Паниќ на почетокот на следната година ќе се мажи за агентот за недвижности Филип Мркајиќ, со кого ограбуваше банкомати во Австралија, пишуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според српски „Курир“, на свадбата ќе има околу 100 гости, а ќе се одржи во Белград во престижен ресторан.

„Романа веќе ја одбрала својата венчаница и поканите за гостите се готови. Тие живеат заедно долго време, па стапувањето во брак е обична формалност, но свадбата е нејзина желба, која Филип сака да ѝ ја исполни“, рекол близок пријател на пејачката за медиумите.

Двојката во јануари 2023 година ќе прави четири години откако се во врска, па затоа тој датум го избрале да се венчаат.

Да потсетиме, Романа и Филип беа уапсени во Австралија во јуни 2020 година, откако полицијата откри дека поставиле уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн во текот на март и април. Пејачката помина неколку месеци во затвор, по што беше депортирана во Белград. По враќањето продолжила да живее со Филип.

Share
Scroll to Top