Пејачката Џеси Џеј чека бебе една година откако имаше спонтан абортус

Пејачката Џеси Џеј чека бебе една година откако имаше спонтан абортус

пред 1 година

Британската пејачка Џеси Џеј е бремена. Таа преку Инстаграм откри дека чека бебе, една година откако имаше спонтан абортус.

„Пресреќна сум, но и преплашена во исто време. Веќе изгубив едно бебе. Бидете нежни со мене. Јас во моментов само сакам да се исплачам и да изедам една кисела краставица потопена во чоколадо, без некој да ми поставува прашања“, напиша таа на Инстаграм.

Џеси го изгуби своето прво дете во ноември 2021 година, неколку месеци откако остана бремена. Во интервју подоцна кажа дека отсекогаш сакала да биде мајка и да роди додека да наполни 30 години.

„Имам скоро 35 години и уште жалам по загубеното бебе, по фактот дека не ми е лесно да забременам и што сакам мојот живот да е онака како што го замислував кога бев тинејџерка. Има денови кога сум тажна, има денови кога сум расположена. Потоа се тешам дека лошото не е толку лошо и дека има илјадници жени што поминуваат низ истото што и јас“, рече таа во едно интервју.

Џеси Џеј неодамна кажа и дека не може да најде партнер со кого би сакала са има дете, па затоа се решила да стане самохрана мајка.

Share
Scroll to Top