Пејачките сакаат да се тетовираат на интимни места: какви приказните се кријат зад тетоважите на познатите

Пејачките сакаат да се тетовираат на интимни места: какви приказните се кријат зад тетоважите на познатите

пред 1 година

Голем број од познатите ги обожваат тетоважите и не се срамат да ги покажат во јавност. Некои ги чуваат за себе и ги тетовираат на поинтимни места, други пак се похрабри и бараат од тату мајсторите да им ги направат на места каде можат да се видат од прва.

Тамара и Тијана често објавуваат фотографии со новите тетоважи. И двете имаат многу цртежи на нивните тела, но и двете имаат нацртано балон на раката.

За некои од тетоважите велат дека ги направиле затоа што им се допаднала некоја слика или дизајн, но неретко цртежите кријат и приказна. Така Тамара ги тетовираше стиховите од химната која ја погреши во амбасадата на САД, по што имаше многу реакции и доби непримерни коментари од фановите. 

Миа Костова има тетоважи по целото тело, Нора Шаќири на рамото, а неколку македонски пејачки и модели се одлучија за текст под градите. Антониа Гиговска го тетовираше зборот самодоверба, додека Ивана Јо на градите напиша „Само нежно према себе“.

 

На пејачите Панчо и Мартин Мила најомилени им се цртежите инспирирани од децата, а Александар Тарабунов ја изненади сестра си кога на левата рака го тетовираше нејзиното име. Раперот Тони Зен првата тетоважа ја направил на 17, а кошаркарот Перо Антиќ на 19 години.

Дејан Георгиевски олимпискиот вицешампион во таеквондо, кој лани во Токио освои сререн медал, успехот го истетовира и на рамото. Тој го тетовираше македонското знаме, со олимписките кругови и логото на игрите во Токио, во комбинација со медалот кој го освои.

Пејачката и харфистка Сара Мејс за 8 март се пофали со тетоважа која ја направи на десната рака. Откри дека нацртала глуварче, а фотографијата ја објави на „Инстаграм“. На крајот наздрави и им честиташе празникот на сите жени. Со сопругот Димитар Атанасовски, си истетовираа и бурми.

Пејачката Сани Гроздановска истетовира голем виолински клуч со ружи на грбот, петолиние и ноти. Меѓу нив напиша „Љубов“ и „Независност“, а актерот Дритон Вејсели, познат како Талат од Џепчиште во серијата „Преспав“, тетовираше меч на градите.

Љубиша Владимиров 

 

Share
Scroll to Top