Пиже и Зеко заминаа на 17 мај, сакам да замижам за да ми се појават сите убави нешта што тројцата ги сакавме, објави Игор Џамбазов

Пиже и Зеко заминаа на 17 мај, сакам да замижам за да ми се појават сите убави нешта што тројцата ги сакавме, објави Игор Џамбазов

пред 2 години





По една година од смртта на Сашо Пижевски, Игор Џамбазов се присети на неговите другари Горан Атанасов-Зеко и Пиже кој починаа на ист датум 17 мај. Зеко во 2018 година, а Пиже ненадејно почина минатата година.

„И двајцата заминаа на истиов датум. 17-ти мај. Што друго да правам денес, освен сам да си се смеам на сите глупости што заедно со нив ги правевме, или пак само да замижам за да ми се појават сите убави нешта што тројцата ги сакавме, сите неостварени љубови по кои заеднички тагувавме, сите непроспиени ноќи во кои со голем успех фантазиравме за недофатливото. Нека им е вечна слава. Две третини од легендарните „Хавана бенд” се горе на небото. Третата третина најжилава излезе“, рече Игор.

И досега низ фотографии Игор ги споделуваше сеќавањата за нив. Во 90-тите години беа дел од „Хавана бенд“, а зад нив останаа многу дружби, како и популарните „Шток ми бејбе“, „Дај ми жити се“, „Нема спас“.

За потсетување Зеко во 2018 година почина на 57 години по кратко боледување и беше еден од скопските урбани ликови, некогашен пејач и поранешен угостител, а Пиже беше е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-те години до денес.

По распаѓањето на „Хавана бенд“, се посвети на угостителскиот бизнис, а повремено, како гостин, учествуваше во неколку музички проекти. Изминативе години беше сопственик на порталот „Мајка ти и татко ти“, но во последно време беше актуелен со повторното обединување на „Хавана Бенд“ и нивниот хит „Балада“ за мајка ти и татко ти, кој го направи во соработка со Александар Митевски.

 






Share
Scroll to Top