Состојки:
- 4 парчиња пилешко бело месо
- 50 гр брашно
- сол, бибер
За сос:
- 150 гр путер
- 1 главица црвен кромид
- лук
- 50 гр грашок
- 3 лажици сок од лимон
- сол, бибер
- бело вино
Подготовка:
Пилешките стекови се сечат на половина и се истанчува секое парче со чекан за месо. Се мешаат брашното и зачините, се валка месото во смесата и се пржат на средно врело масло околу три минути или додека месото не порумени.
Парчињата се завиткуваат во фолија за да останат свежи и топли додека се подготвува сосот.
За сосот, се одделува 50 гр путер кој треба да се растопи во сад на умерена температура. Се запржува ситно исечканиот кромид, а при крај се додава и лукот.
Потоа се додава грашок, сок од лимон и малку бело вино. Сето тоа се остава да покрчка додека не испари вишокот течност, околу пет минути.
Се намалува температурата на минимум и се додава преостанатиот путер додека не се стопи целосно. На крај се зачинува со сол и црн пипер.
Месото можете да се послужи со тестенини и сезонска салата.