Пилешки ражничи со маринада - Reporter.mk

Пилешки ражничи со маринада – Reporter.mk

пред 2 години

Состојки:
500 гр пилешко филе, 250 гр густ јогурт, 1 млад кромид, 1 чешне лук, 2 лажици масло, 2 лажички куркума, сол, бибер, масло (опционално)

Подготовка:
Исечете го пилешкото на коцки со приближно иста големина. Измешајте јогурт со ситно сечкан млад кромид, лук, масло (по избор), куркума, сол и бибер. Додадете го пилешкото и маринирајте најмалку 30 минути. Месото намачкајте го на стапче, а ражничите испечете ги на загреана и подмачкана тава за скара. Послужете со салата по желба.

Share
Scroll to Top