Пилешко со лимон на медитерански начин

Пилешко со лимон на медитерански начин

пред 3 години

Потребни состојки:

Пилешки батаци
5 чешниња лук
сок од лимон
1 лажичка оригано
1 лажичка мајчина душица
1 лажичка црвена пипер
сол
бибер
80 мл маслиново масло
100 гр јогурт

Начин на подготовка:

Измешајте ситно сечкан лук, сок од лимон, оригано, мајчина душица, па додајте црвена пипер, 50 мл маслиново масло и измешајте. Пилешкото извалкајте го во смесата и оставете да отстои околу два часа, за состојките да се соединат. Потоа испржете го. Во мешувреме подгответе го сосот. Јогуртот изматете го со 30 мл маслиново масло, сок од лимон, па ставете го да се лади во фрижидер. Прженото месо сервирајте го со сосот.

Share
Scroll to Top