Пилот открива кои работи не треба да се прават во авион

Пилот открива кои работи не треба да се прават во авион

пред 1 година

Пилот со десетгодишно искуство летање со комерцијални патнички авиони, за „Дејли Мејл“, даде неколку совети кон кои патниците треба да се придржуваат за ако сакаат да имаат побезбеден и поудобен лет, особено во случај на турбуленција.

Повеќето луѓето одбираат удобна облека кога знаат дека ќе летаат со авион. Но, наместо јапонки и слични парчиња обувки, кои брзо се облекуваат и соблекуваат, предност треба да им се даде на постабилните обувки, вели пилотот.

„Сакате да носите удобни чевли во кои можете брзо да се движите во итен случај. Но, подот на авионот не е секогаш чист, па најдобро е да имате затворени чевли, како на пример квалитетни патики“, вели тој.

Секогаш врзувајте се за време на турбуленција

Секогаш треба да бидете врзани за време на турбуленција. Идеално би било да се врзете пред да почне турбуленцијата, односно кога ќе добиете инструкции од пилотот или персоналот во кабината. Но, ако не сте врзани, а почнете да се тресете, закопчајте го појасот.

На тој начин можете да спречите сериозни телесни повреди како повреда на главата и слично.

„Отстранете ги сите предмети од седиштето во предниот џеб или што се на подот. Секој лабав предмет за време на силната турбуленција може да се претвори во проектил кој може да предизвика сериозна повреда“, предупреува пилотот.

Избегнувајте ја кујната

Избегнувајте го просторот во кој персоналот ја загрева храната, подготвува кафиња и чаеви. Тој простор е полн со отворачи, ножеви и други вообичаени кујнски помагала, кои во случај на турбуленција се претвораат во оружје кое може да ви наштети. Нема убаво да си поминете ако термосот со жешка вода ви се истури во скут.

Пијте вода со секаков алкохолен пијалок

Пиењето алкохолни пијалоци во воздух за некои е забавна навика, а за оние кои се плашат од летање е неопходен за полесно го поднесат летот. Со секој пијалок пожелно е да се испие по една чаша вода. Промената во висината влијае на намалувањето на нивото на кислород во крвта, поради што можеме побрзо и полесно да се опиеме и да дехидрираме.

Одете во тоалет додека сте на аеродром, пред летот

Ако имате можност, секогаш одете во тоалет пред да се качите во авион. Во тоалетните простории во авионот луѓето ретко практикуваат хигиенски навики, а исто така се дизајнирани што не даваат голема заштита за време на турбуленција.

 

Share
Scroll to Top