Младите пливачи до 12 години од пливачкиот клуб Бета Шаркс, станаа шампиони на Македонија во категоријата помлади пионери.
“ Програмата која ја почнавме пред 5 години со новиот начин на работа во кој првенство има воспитувањето и градењето на спортски карактер кај децата кои допрва треба да тренираат, нефорсираната правилна работа кај младите категории, посветената работа на нашите тренери, вербата на родителите и дисциплинирана работа на нашите пионери донесе шампионски резултат на последниот државен шампионат на Македонија“ велат од клубот.
Тие додаваат и дека се свесни од тоа што се случува во македонското пливање и дека сите успеси во категории до сениори се само малку надеж, но како велат, “ знаеме дека ова е само искачување на прва скала која ни дава сила, енергија и мотив да продолжиме да работиме посилно, подисциплинирано и поупорно“