Пипа Мидлтон е повторно бремена

Пипа Мидлтон е повторно бремена

пред 3 години

Сестрата на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, Пипа, е повторно бремена, пренесува Page Six. Пипа е во брак со Џејмс Метјуз и веќе го имаат двегодишниот син Артур.

„Пипа и Џејмс се воодушевени. Ова е сјајна вест во оваа тешка година. Целото семејство е пресреќно“, открил извор за британските медиуми.

Двојката се венчаше во 2017 година и во моментов живее во Лондон. Пипа е година дена помлада од нејзината сестра Кејт, сопругата на принцот Вилијам.

 

Share
Scroll to Top