Писателката Кристина Краличин вчера ја промовираше својата прва книга „Патот на душата по зборот што гори“, а во издание на издавачката куќа „Чудна шума“. Станува збор за стихозбирката со 37 песни, а дел од нив на промоцијата ги прочита актерот Благоја Чоревски.
„Колку прашања за душата има, одговорите се бесконечно различни во едноумието на сите. Дел од нив се одморени тука, во оваа моја книга која ја предавам секому што убавата мисла му значи есенција на животот“, рече Кристина на промоцијата.
Кристина пишува уште од најраното детство, поезија и раскази, а три години работеше и како новинар во телевизија.
„Откако насобрав материјал за да издадам книга, решив да го направам првиот чекор кон авторството и да ги обелоденам пред јавноста сите свои дела, да си ја разголам душата и да ја претставам својата ризница на убаво напишани мисли“, вели таа и најави дека се готови уште два романа, кои ќе ги издаде наскоро.
Промотор на настанот беше Сребра Ѓорѓијевска, а модератор Билјана Црвенковска.