Марк Вилмор, писателот и продуцент на анимирана серија „Симпсонови“, почина на 57 години од коронавирус. Ова го потврди неговиот постариот брат, комичарот Лери Вилмор.
„Мојот сладок сладок брат, Марк Едвард Вилмор, почина синоќа борејќи се со ковид и другите здравствени состојби кои го мачеа со години. Мојот брат беше најљубезен, најнежен, најсмешен лав и ангел што сум ги познавал. Те сакам помал брату“, напиша Лери.
Првата значајна улога на Марк како писател била во популарната хумористична серија In Living Color, а потоа пишувал за Вечерното шоу со Џеј Лено.
Тој се приклучи на тимот писатели на Симпсонови во 2002 година и напишал 12 епизоди до 2015 година. Како продуцент на Eternal Moonshine of the Simpsons Mind ја добил и наградата Еми.
My sweet sweet brother, Marc Edward Wilmore, passed away last night while battling COVID and other conditions that have had him in pain for many years. My brother was the kindest, gentlest, funniest, lion of an angel I’ve ever known. I love you little brother. pic.twitter.com/Zhcg1U4Evr
— Larry Wilmore (@larrywilmore) February 1, 2021