Пита од пченкарно брашно со спанаќ

Пита од пченкарно брашно со спанаќ

пред 1 година

Состојки: 2 јајца, 1 павлака, 1/2 чаша масло, 2 шолји млеко, 2 чаши пченкарно брашно, 1 чаша јако брашно, 1 лажичка сол и шеќер, 1 прашок за пециво, спанаќ по желба, фета сирење по желба.

Подготовка:
Изматете ги течните состојки: јајцата, павлаката, маслото, млекото. Одделно измешајте брашно, прашок за пециво, сол и шеќер. Потоа полека додајте ги сувите состојки во течноста. Добро измешајте, истурете во намрсен плех и печете 30 до 40 минути на 190 степени додека не добие убава боја.

Share
Scroll to Top