Пица погачици кои се подготвуваат брзо и лесно.
Состојки:
За тесто:
- 600 гр брашно
- 75 мл масло
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 10 гр сув квасец
- 1 лажичка пециво
- 200 мл млако млеко
- 150 мл јогурт
- 1 белка
За фил:
- 3 лажици ајвар
- 200 гр печеница
- 150 гр кашкавал
- 1 лажичка оригано
За премачкување:
- 1 жолчка
- сусам за посипување
Подготовка:
Се соединуваат сувите состојки за тесто. Кон нив се додаваат влажните состојки и се замесува средно меко тесто. Тестото може да се замеси и со миксер.
Потоа се разделува на 15 топчиња. Се оставаат да одморат покриени со крпа додека се подготвува филот.
За филот се сечкаат кашкавалот и печеницата на мали коцки. Се соединуваат со ајварот и ориганото.
Секое топче се расукува во круг, и му става лажица од филот. Се затвора од сите страни, се превртува и се реди во тавата за печење.
Пред самото печење се премачкуваат со разматена жолчка и се посипуваат со сусам.
Се печат во загреана рерната на 200 степени додека да поцрвенат или околу 20 минути со вентилатор, ама тоа зависи од рерната.