Пијани фудбалери од Норвешка имале секс со девојки на стадионот, ги открила безбедносната камера

Пијани фудбалери од Норвешка имале секс со девојки на стадионот, ги открила безбедносната камера

пред 3 години

Скандал го тресе норвешкиот клуб Бран, откако 12 фудбалери на овој клуб биле снимени како имаат секс со девојки на стадионот. Тие претходно организирале вечера, на која испиле повеќе од вообичано, па еден од нив предложил да заминат на стадионот.

Тогаш 12 фудбалери повикале четири дваесетгодишни девојки да дојдат со нив. Некои од нив имале секс со нив и трчале голи по тревникот. Тие претходно ги оставиле мобилните, за никој да не снима, но, на крајот ги уловила безбедносната камера на стадионот.

Групата која стигнала на стадионот околу полноќ, останале таму се до пет часот утрината. Како што пренесуваат тамошните медиуми, најверојатно фудбалерите нема да бидат казнети. Инаку клубот се наоѓа на последното место во лигата и се бори за опстанок.

„Разговаравме со играчите. Тие знаат дека ги прекршиле правилата. Мислам дека повеќето луѓе мислат дека доволна казна е тоа што јавноста сега знае што направиле. Сега мораат да се концентрираат на следните натпревари“, изјавила генералната менаџерка на клубот.

 

Share
Scroll to Top