Пијан маж го згрешил хотелот, па легнал на тротоар во знак на протест оти не го пуштале во собата

Пијан маж го згрешил хотелот, па легнал на тротоар во знак на протест оти не го пуштале во собата

пред 2 години

Пијан маж во Бурнмаут, Англија, легнал пред хотел во знак на протест затоа што персоналот не го пуштал во неговата соба. Тие се обиделе да му објаснат дека дошол во погрешен хотел, но тој почнал да се расправа со персоналот и бидејќи не сакал да си оди, вработените повикале полиција.

dobivaj vesti na viber

Полицајците го нашле како лежи на тротоарот и му помогнале да стигне до неговиот хотел кој бил во близина.

За настанот локалната полиција напиша и на твитер: „Полицајците се пресметале со пијан маж кој се обидувал да влезе во хотел каде што немал резервација. Тој легна на подот во знак на протест. Полицијата го врати во хотелот од другата страна на улицата за кој имаше резервација“, стои во објавата.

Share
Scroll to Top