Пијан маж се обидел да го украде телото на Ленин од мавзолејот во Москва

Пијан маж се обидел да го украде телото на Ленин од мавзолејот во Москва

пред 2 години

Руската полиција приведе пијан маж кој се обидел да го украде телото на Владимир Ленин од мавзолејот на Црвениот плоштад во Москва.

„Инцидентот се случи ноќта на 6 февруари. Еден маж е уапсен кога се обидел да упадне во мавзолејот каде што се наоѓа телото на Владимир Ленин и да го украде. Подоцна било откриено дека човекот бил пијан“, потврдил полициски извор, пренесува руската агенција ТАСС.

Во текот на ноќта полициски службеници забележале сомнителен минувач како се движел во близина на мавзолејот. Кога почнал да ја отвора вратата и се обидел да влезе, полицијата го привела.

Наводно била повикана и итна помош, а лекарите утврдиле дека има психичко растројство предизвикано од дејство на алкохолот. За време на сослушувањето се обидел да побегне, но на крајот признал дека имал намера да го украде телото на Ленин, но не сакал да ги каже мотивите. 

Share
Scroll to Top