Победничката на ветераните од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска – Чабриќ, доживеала сообраќајна несреќа. Од МВР потврија и соопштија дека пејачката излетала додека возела на патот од Ресен за Струга. Во несреќата таа се здобила со тешки повреди.
Брзо на местото на настанот пристигнала итната помош и пејачката веднаш била префрлена во болница во Охрид. За потсетување, Добрила стана позната по музичкото шоу, а поради нејзините години, таа го доби прекарот жена змај.
Додека учествуваше во натпреварувањето, таа често патуваше самата на релација Дојран-Белград.