Повеќето луѓе грешат со пуканките: Еве што всушност внесувате во телото

Повеќето луѓе грешат со пуканките: Еве што всушност внесувате во телото

пред 4 часа

Многумина не можат да замислат филмска вечер без пуканки, но ретко кој размислува што всушност внесува во организмот додека ужива во оваа популарна грицка. Иако често се сметаат за „брза“ и не баш здрава храна, нутриционистите велат дека пуканките воопшто не мора да бидат лош избор – сè зависи од начинот на подготовка и од додатоците што ги ставаме во нив.

Пуканките се добиваат од специјален вид пченка чии зрна при загревање пукаат и создаваат лесни и крцкави парчиња. Благодарение на нивната популарност, денес се едни од најконсумираните грицки во светот, особено во кината и домашните филмски вечери.

Според најновите истражувања, обичните домашно подготвени пуканки можат да бидат релативно здрав меѓуоброк, а некои нутриционисти дури ги препорачуваат како подобра алтернатива од многу индустриски грицки.

Причината е тоа што зрното пченка природно содржи влакна, антиоксиданси, магнезиум и витамини А, Б и Е. Влакната имаат важна улога во варењето и работата на дигестивниот систем, додека антиоксидансите помагаат во заштита на клетките од оштетување.

Експертите нагласуваат дека редовното внесување цели житарки може да помогне во намалување на ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес, па дури и одредени видови рак.

Но најголемиот проблем кај пуканките не се самите пуканки, туку додатоците што најчесто ги користиме. Големи количини путер, стопен кашкавал, карамела, вештачки ароми и премногу сол драматично ја зголемуваат калориската вредност и ги претвораат во многу помалку здрава опција.

Нутриционистите советуваат, доколку сакате побогат вкус, да користите поприродни зачини како оригано, црн бибер или морска сол. За љубителите на благи вкусови, подобра варијанта се цимет и какао наместо чоколадни и карамел преливи.

Стручњаците предупредуваат и на видот на маслото што се користи при подготовката. Најдобра опција се маслиново масло, масло од авокадо, сусамово масло или масло од кикиритки, додека рафинираните масла треба да се избегнуваат.

Сè повеќе внимание се обрнува и на начинот на подготовка. Иако микробрановата печка е најбрзо решение за многумина, нутриционистите велат дека класичната подготовка во тенџере или специјален сад е многу подобар избор.

Исто така, предупредуваат дека пуканките не треба да се јадат секојдневно и дека е важно да се внимава на количината. Претераното консумирање може да предизвика надуеност, непријатност во желудникот и проблеми со варењето.

Според достапните податоци, една шолја свежо подготвени пуканки содржи околу 30 калории, еден грам масти, еден грам протеини, 6,2 грама јаглехидрати и околу 1,2 грама влакна.

Токму поради ниската калориска вредност и високото количество влакна, многумина ги сметаат за една од поприфатливите грицки – но само ако се јадат умерено и без премногу масни и слатки додатоци.

Заклучокот на нутриционистите е јасен – пуканките сами по себе не се проблем, туку начинот на кој ги подготвуваме и количината што ја консумираме.

Share
Scroll to Top