Подводната новогодишна елка на дното на Охридското Езеро пак е украсена откако лани пандемијата ја прекина традицијата

Подводната новогодишна елка на дното на Охридското Езеро пак е украсена откако лани пандемијата ја прекина традицијата

пред 2 години

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора” по 19. пат ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид. Како и секој пат, така и сега тие на уникатен начин на сите граѓани им ја честитаа Новата година и божикните празници.

Таа ќе биде своевидна атракција за посетителите на палеолитската наколна населба во текот на претстојните празници.

За потсетување, тие минатата година поради пандемијата со коронавирус, за првпат по 18 години не ја исполнија традицијата на китење подводна елка за новогодишните празници. Наместо тоа, тие беа поделени во групи од по тројца-четворица нуркачи, слично на протоколите за дистанца и нуркаа на три различни локации кај Заливот на коските, кај Трпејца и кај изворите на Црн Дрим кај Свети Наум.

Охридските нуркачи првпат по 18 години не ја накитија елката под вода

 

Share
Scroll to Top