Подинато обвинение против оружарката кој му го наполни пиштолот на Болдвин на сетот на филмот, по грешка ставила вистински куршуми

Подинато обвинение против оружарката кој му го наполни пиштолот на Болдвин на сетот на филмот, по грешка ставила вистински куршуми

пред 2 години

Канцеларијата на американското обвинителство денеска го обвини оружарот на сетот на филмот „Рѓа“, Хaна Гутиерез-Рид, заради манипулација со доказите во врска со случајот со убиството на снимателката Халина Хачинс во 2021 година.

Тие ја обвинија Рид дека му дала наркотици на друго лице на 21 октомври 2021 година, денот кога Хачинс беше убиена, со намера да спречи нејзиното апсење, гонење или осуда, објави „Ројтерс“.

Специјалните обвинители Кари Морис и Џејсон Луис не дадоа дополнителни информации во врска со новото обвинение, кое е дополнение на постојното за убиство од небрежност. Нејзиниот адвокат Џејсон Боулс го нарече новото обвинение одмаздничко.

За потсетување, Хачинс почина кога актерот Алек Болдвин вежбал со пиштол, во кој имало вистински куршуми. Рид на полицијата ѝ рекла дека по грешка го наполнила пиштолот со вистинска муниција, мислејќи дека се работи за неексплозивни куршуми.

Актерот Алек Болдвин е ослободен од одговорноста за смртта на Хачинс на снимањето.

Share
Scroll to Top