Поднесена тужба против Алек Болдвин: Во сценариото нема пукање, глумецот играше руски рулет

Поднесена тужба против Алек Болдвин: Во сценариото нема пукање, глумецот играше руски рулет

пред 2 години

Холивудскиот актер Алек Болдвин се соочува со нова тужба во која се тврди дека филмското сценарио не барало од него да пука со пиштол кога фатално ја застрелал снимателката Халина Хачинс, пренесуваат странските медиуми. Покрај него, во тужбата се именувани и продуцентите на филмот.

Тужбата ја поднесе супервизорот на сценариото на вестернот филмот „Рѓа,“ Мејми Мичел, која повика полиција по пукањето на филмскиот сет во Ново Мексико. Таа изјавила дека страда од емоционален шок и други проблеми.

„Настаните што доведоа до истрелот на г-н Болдвин не се резултат на едноставно невнимание. Напротив, сметаме дека тој избрал да игра руски рулет ракувајќи со оружјето, без да го провери“, изјави адвокатката на Мичел пред новинарите во Лос Анџелес.

Тужителите сметаат оти неговото однесување и она на продуцентите на „Рѓа“ било опасно.

Болдвин и продуцентите на филмот сè уште не произлегоа со коментар.

Share
Scroll to Top