Познатата актерка Џесика Алба отишла на психотерапевт со ќерката: Секогаш бев нејзин негативец

Познатата актерка Џесика Алба отишла на психотерапевт со ќерката: Секогаш бев нејзин негативец

пред 4 месеци

Актерката Џесика Алба откри како таа и нејзината ќерка оделе на терапија. Признала дека одењето на разговори и го спасило семејството, пишуваат странските медиуми.

Алба се појави на насловната страница на списанието „Real Simple“ за јануари и февруари и реши да зборува за менталното здравје на своето семејство. „Хонор веројатно имаше 11 години и цело време се каравме за глупави работи. А јас реков: Не сакам да живеам вака. Ова не е забавно”, рекла актерката.

Таа објаснила дека нејзината ќерка Хонор секој нејзин збор го сфаќа како причина за тепачка, па решила да побара стручна помош. Ова би објаснило дека таа не сака да ја контролира. „Она што и го реков на Хонор беше: „Сакам да бидам подобар родител за тебе, и ова е твоето место да зборуваш за се што правам што ти ги нарушува нервите“, рече таа.

По неколку посети кај терапевтот, сфатиле како тоа навистина им помага. „Тоа ѝ даде мала перспектива – дека не сум негативец; јас сум само родител“, рече Алба, додавајќи дека терапевтот и помогнал на нејзината ќерка да разбере дека таа не значи ништо лошо и дека децата не секогаш се согласуваат со нивните родители.

Медиумите потсетуваат дека убавата актерка во 2004 година се омажи за продуцентот Кеш Ворен, со кој се запозна на снимањето на научно-фантастичниот спектакл Fantastic Four. Заедно имаат три деца, ќерките Хонор Мари и Хевен Гарнер и синот Хејс.

Share
Scroll to Top