Познатиот Гордон Ремзи откри што секогаш избегнува да јаде во ресторан

Познатиот Гордон Ремзи откри што секогаш избегнува да јаде во ресторан

пред 9 месеци

Еден од најпознатите готвачи во светот, Гордон Ремзи, откри што никогаш не нарачува во ресторан.

Ремзи за магазинот „Town and Country“ открил дека секогаш избегнува да нарачува супи, бидејќи сака да биде сигурен дека храната што ја јаде е свежа.

Тој изјави дека супите се најверојатно храната од која ресторанот сака да се ослободи. Тој, исто така, се обидува да ги избегне јадењата кои се „специјалитет на куќата“ претходниот ден.

Ремзи сподели уште неколку совети кои треба да ги следите кога одите во ресторан.

Тој истакна дека еден од најдобрите начини да откриете што е добро во ресторан е едноставно да побарате совет од ресторанот.

Угостителите, имено, имаат најдобар увид во она што најмногу се продава и често пробале речиси се што е на менито.

Друга работа што Ремзи не ја сака во рестораните е кога на менито има долга листа на специјалитети, а готвачот ги препорачува сите.

Според Гордон Рамзи, тоа значи дека овие специјалитети не се ништо посебно.

Share
Scroll to Top