Кореографијата на српската претставничка на Евровизија, Констракта го привлече вниманието на евровизиските фанови.
Песната „In Corpore Sano“ на Ана Ѓуриќ важеше за еден од фаворитите на Евровизија.
Мавтањето со раце на Констракта додека пее „уметникот мора да биде здрав“ го имитираат многу луѓе ширум светот.
Познатиот дел од кореографијата е на знаковен јазик. Имено, полукружното движење на кренати раце е всушност аплауз на јазикот на глувонемите.