Познатиот италијански уметник Рафаело Санти починал од коронавирус пред 500 години

Познатиот италијански уметник Рафаело Санти починал од коронавирус пред 500 години

пред 3 години

Познатиот уметник Рафаело Санти пред 500 години починал од коронавирус, е наведено во новата студија за него. Тој боледувал од еден вид коронавирус, а починал затоа што не им кажал на своите лекари дека тајно ги посетувал своите љубовници за време на студените ноќи.

Популарниот мит за италијанскиот ренесансен мајстор на сликарството е дека тој починал пред точно 500 години, во 1520 година, од сифилис, само затоа што имал премногу љубовници.

Експертите сепак сметаат дека Рафаело починал од друга инфекција. Неговата треска ја лечеле тогаш најдобрите лекари во Рим, кои лично ги испратил папата од страв дека може да го загуби непроценливиот уметник, вели историчарот по медицина, Микеле Аугусто Рива.

Италијанскиот сликар Џорџо Вазари (1511-1574), кој пишувал за Рафаело, навел дека ренесансниот сликар не ги известил навреме своите лекари и дека често излегувал во студените ноќи кога ги посетувал љубовниците.

„Тоа беше многу студен март и веројатно Рафаело добил воспаление на белите дробови“, изјавил Рива.

Тогашните лекари, кои не знаеле за тие ноќни посети, утврдиле дека Рафаело имал треска поради вишокот расположение во крвта и поради тоа му дале терапија со пијавици и пуштање крв. Таа терапија дополнително го ослабела уметникот, оценил Рива.

Историчарот на медицина додал дека тогашните лекари биле свесни за опасностите од терапијата со крвавење во лечењето инфективни болести, но дека тие уметници лечеле врз основа на погрешни информации.

Рива, кој ја напишал најновата студија за Рафаело заедно со уште тројца експерти од Универзитетот во Милано, изјавил дека лекарската и грешката на пациентот, кој не им кажал сè на лекарите придонела за прераната смрт на уметникот.

Во студијата се наведува дека Рафаело починал од болест на белите дробови, која била многу слична со денешниот коронавирус. Рафаело (1483-1520), кој со Леонардо да Винчи и Микеланџело е најзначајниот претставинк на ренесансата, за 37 години живот оставил ремек-дела во сликарството.

Меѓу нив се трите фрески во Ватикан – „Атинска школа“, „Свети разговори“ и „Поетика“, големата слика „Мадона под крошна“ и „Полагање во гроб“, како и низа слики посветени на Богородица, од кои најпозната е „Мадона во зелено“.

Се смета за извонреден портретист, а неговата техика била инспирација за другите сликари. Еден од најпознатите портрети е сликата за ренесансниот писател и дипломат Балдасар Кастијоне.

Share
Scroll to Top