Познатиот НБА кошаркар Шон Пен е уапсен заради пукање

Познатиот НБА кошаркар Шон Пен е уапсен заради пукање

пред 1 година






Познатиот американски кошаркар Шон Пен е уапсен во Такома Вашингтон заради поврзаност со пукање кое се случило во средата вечерта. Наводно од автомобилот со кој управувал биле испукани неколку куршуми па полицијата итно реагирала и го уапсила, пренесоа локалните медиуми во САД.

Првите информации говорат дека бил уапсен во округот Пирс и дека во затвор го однеле околу 18 часот. Причините за пукањето не се познати, а се шпекулира дека пред пукањето претходела расправија и физичка тепачка пред еден трговски центар.

За потсетување, Шон Пем најголем дел од кариерата ја мина во култниот Сиетл Суперсоникс, тим во кој дојде во 1989 година како 17 пик на драфт. Таму настапуваше до 1997 година, а играше и за Кливленд, Портланд и Орландо. Шест пати беше дел и од Ол-стар тимот.

Со репрезентацијата на САД има злато за Светското првенство во 1994 година. Беше познат и по неговите забивања, а по завршувањето на кариерата имаше проблем и со законот. Веќе е уапсен заради користење кокаин, марихуана и полуавтоматски пиштол.

 





Share
Scroll to Top