Познатите кои си ги уништија браковите пради афери со дадилките

Познатите кои си ги уништија браковите пради афери со дадилките

пред 5 години

Бројни холивудски заводници си ги уништиле браковите поради аферите со дадилките на нивните деца. Иако списокот на глумци и музичари е долг, ова се некои од нив чие наводно неверство дигна голема галама во јавноста.

Мик Џегер

Бракот на Мик Џегер и Џери Хол беше нарушен поради дивите сексуални авантури кои тој ги имаше со Клер Хоусман, дадилката која ја ангажираше неговата сопруга да им ги чува децата додека тие беа на турнеја на „Ролинг Стоунс“.

Клер во интервју за британските медиуми раскажала дека самото тоа што го запознала Џегер било доволно лудо за неа. Кога првпат дошла во неговата хотелска соба, тој ја дочекал гол, без долна облека, а два дена подоцна, таа призна дека паднала на неговиот шарм.

Бен Афлек

Откако јавноста дозна дека Бен се разведува од неговата сопруга Џенифер Гарнер, во истиот момент се појавија гласини дека тој ја изневерувал со дадилката Крисин Оузоуниан. Во 2016 година, се шпекулираше дека Кристин му создала проблеми во бракот и на познатата американска НФЛ ѕвезда Том Брејди.

Арнолд Шварценегер

Гувернерот немал само афера со дадилката, туку добил и дете со домашната помошничка, додека бил во брак со Марија Шрајвер. Но, двајцата се немаа разведено ни по десет години, откако новинарката побара раскинување на бракот. На крајот се разведоа дури во 2011 година.

Робин Вилијамс

Робин Вилијамс и Валерија Веларди се разведоа поради неговата афера со дадилката Марша Гарсес, со која подоцна глумецот се венчаше. Тој откри дека Валерија знаела за неговата слабост кон другите жени. Тие беа во брак 19 години и добија две деца.

Џуд Ло

Џуд Ло и Сијена Милер ја прекинаа свршувачката кога дадилката Дејзи јавно прозборе дека имала афера со глумецот во 2005 година. Тогаш тие разделија, а повторно се свршија во 2010 година. Но, веќе следната година, повторно се разделија. Светските медиуми пренесоа дека Сијена не можела да му ја прости аферата со дадилката и покрај големата љубов која ги врзувала.

 

 

 

Share
Scroll to Top