Положбата на спиење влијае на нашето здравје

Положбата на спиење влијае на нашето здравје

пред 4 години

Секој од нас има омилена положба за спиење, но веројатно не многу луѓе знаат дека и начинот на кој спиеме може да влијае на нашето здравје.

Положбата во која спиеме може да влијае на тоа како се чувствуваме во текот на денот, од болки во телото, па сè до проблеми со притисокот.

Луѓе кои спијат на грб, а се околу 10%, немаат проблеми со болки во вратот и грбот. Спиењето на грб има позитивно влијание на целиот `рбет. Исто така, може да ја намали главоболката и да го подобри дигестивниот систем.

Луѓето кои спијат на грб имаат помалку брчки бидејќи не спијат со лицето на перницата.

Сепак, спиењето на грб не се препорачува на бремените жени бидејќи може да им направи проблеми со притисокот.

Не се препорачува да спиење на грб за оние кои имаат апнеа.

Спиењето на едната страна се препорачува за луѓето кои имаат апнеа бидејќи на тој начин се чистат дишните патишта и се намалува рчењето.

Доколку спиете во оваа положба ќе се ослободите од болките во зглобовите и во долниот дел на грбот. Исто така, се подобрува и протокот на крвта и циркулацијата во телото.

Спиењето во оваа положба го чува здравјето на дигестивниот систем, а влијае и добро на мозокот.

Единствениот недостаток е тоа што може да почувствувате болки во рамената. Исто така, се зголемува можноста за појава на брчки на лицето.

Не се препорачува да спиете на стомак, но сепак оваа положба има и некои предности за здравјето.

Спиењето на стомак го олеснува дишењето, па може да биде корисно за луѓето кои имаат апнеа.

Негативните последици од спиењето во оваа положба се болки во грбот и вратот. Исто така, се зголемува и ризикот од појава на брчки, пишува The Sun.

Share
Scroll to Top