Помошник на Џорџ Сорос наводно тепал и силувал жени, жртвите бараат 18 милиони долари оштета

Помошник на Џорџ Сорос наводно тепал и силувал жени, жртвите бараат 18 милиони долари оштета

пред 3 години

Шест жени поднеле тужба за сексуално злоставување, против финансиерот Хауард Рубин (66) кој е познат и како човек кој е многу близок до милијардерот Џорџ Сорос. Тие тврдат дека тој ги тепал и сексуално ги злоставувал во тајна просторија во неговиот луксузен стан во Менхетен.

Рубин кој со години му бил десна рака на Сорос, сега тврди дека жените самоволно се согласиле на такво нешто, но и дека го прекршиле законот, затоа што тие потпишале договор за доверливост.

Сега на нив им се заканува казна од 500.000 долари. Неговиот адвокат Едвард Мекдоналд, вели дека жртвите биле свесни за тоа во што се впуштаат и дека по дружбата со неговиот клиент тие знаеле дека можеби ќе претрпат некакви повреди, пренесува „Дејли Мејл“.

„Мојот клиент нема сторено никаков злостор. Во прашање е цивилна парница“, изјавил тој и ги отфрлил наводите дека Рубин ги дрогирал жртвите.Тој објаснил дека веројатно Рубин им давал лекови за ублажување на болките.

Рубин кој е оженет, важи за бескурпулозен банкар на Вол Стрит. Тој им плаќал на жените по 5000 долари за да учествуваат во сексуални настрани фетиши како што се бондиџ, дисциплина, садисам и мазохизам.

Во 1987 година, Рубин бил главниот виновник за губењето на дури 377 милиони долари кои ги остварил Мерил Линч, инвестицискиот огранок на Американската банка.

Сега шест жени кои учествувале во неговите настрани сексуални игри, решија да го тужат, тврдејќи дека тој ги злоставувал игнорирајќи го безбедносниот збор и дека физички ги повредувал.

Безбедносниот збор се одредува пред учествувањето во овие перверзии. Почетокот на судењето е закажано за ноември оваа година. Жртвите бараат од Рубин 18 милиони долари оштета.

 

Њујорк пост“ пренесе детали од обвинувањето во кое е наведено дека една од жртвите била толку тешко претепана, што нејзиниот пластичен хирург не сакал да ја опериран, затоа што еден од имплантите за гради бил оштетен од ударите.

Друга жртва, која остнаала анонимна, изјавила дека Рубин ја силувал.

„Ме натера да имаме однос. Додека ме врзуваше, ми рече дека ќе ме силува како што ја силувал неговата ќерка“, раскажала таа.

Минатиот месец Мери Хенри, со која Рубин бил во брак 36 години и со која има три деца, поднела барање за развод. Таа е исто така познат банкар на Вол Стрит. Рубин, кој има куќа во Хемптон и стан на Менхетен, заработувал милиони долари од своите клиенти.

Меѓу првите кои уште во 2017 година изнеле обвинувања против него се Плејбој зајчиците Миа Лител и Еми Мур, како и Стефани Колдвел, која работела како стриптизетка во еден клуб во Мајами. Тие го обвиниле Рубин за напад, претепување, сексуално злоставување и трговија со луѓе.

„Моите клиенти никој им нема вперено пиштол во главата, но тие се измамени и жртви на физичко и сексуално насилство. Ниту една од нив не дала согласност за она што се случило“, изјавил Џон Балестрир, адвокат на жртвата.

Хауард Рубин од 2008 до 2015 година бил еден од најблиските соработници на милијардерот Џорџ Сорос.

Извор/Курир.рс/Дејли Мејл/Њујорк пост

 

Share
Scroll to Top