Попладневната дремка не треба да е подолга од 40 минути

Попладневната дремка не треба да е подолга од 40 минути

пред 3 години

Новите истражувања покажаа дека попладневната дремка не треба да e подолга од 40 минути, зашто во спротивно ќе се нарушат циклусите на спиење и биоритамот на човекот.

Според експертите, секој од нас е биолошки програмиран да спие во поголемиот дека од ноќта, а потоа да одмори кратко еднаш во текот на денот. Температурата на човечкото тело најмногу паѓа меѓу 13 и 15 часот, и затоа тогаш почнуваме да се чувствуваме поспани. 

Испитувањата опфатиле 300.000 лица, а резултатите покажуваат поврзаност меѓу попладневната дремка и развојот на т.н. „метаболички синдром“, што вклучува покачена тежина, висок крвен притисок и повисоко ниво на холестерол. Истражувањето беше презентирано на Годишната конференција на Американскиот колеџ за кардиологија.

Според податоците, ако човекот спие преку ден повеќе од 40 минути, телото замислува дека е во состојба на длабок сон, што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, човекот може да биде дури и поуморен по спиењето, отколку пред него.

Луѓето кои спијат најмногу половина час попладне се чувствуваат поведро, поодморено и посвежо, а во случај на подлабок сон, мозокот оди во фаза на „бавни бранови“, по што речиси секогаш се чувствуваме уморни и дезориентирани.

Share
Scroll to Top