Поради влошеното здравје на кралицата Елизабета, одложен традиционалниот собир за нејзиниот одмор во Балморал

Поради влошеното здравје на кралицата Елизабета, одложен традиционалниот собир за нејзиниот одмор во Балморал

пред 2 години

Поради здравствената состојба на кралицата Елизабета, откажан е традиционалниот голем собир во замокот Балморал во нејзина чест, каде што таа го поминува секое лето.

„Традиционалното добредојде во Балморал обично е во календарот на кралицата и е нешто во што нејзиното височество навистина ужива додека ги поздравува локалните жители што доаѓаат да ја видат“, изјавил за „Мирор“ извор близок до кралското семејство.

Годинава ќе биде поинаку, па затоа првпат, освен за време на пандемијата, нема да има голем традиционален собир.

Иако од палатата нема индиции дека 96-годишната кралица не е добро, но откажувањето на традиционалниот собир во Балморал покрена нови сомнежи. 

Најавено е дека нема да има голем собир во нејзина чест, а како образложение се наведува загриженоста за здравствената состојба и коронавирусот кој повторно зема замав ширум светот. Наместо голем собир, во палатата ќе се одржи дочек за неколку одбрани гости. Познато е и дека кралицата нема да го напушти замокот за време на нејзиниот летен престој во Шкотска, што ги растажи локалните жители кои со нетрпение очекуваа конечно да ја видат.

Како и секоја година откако е на функцијата, кралицата ќе остане во Балморал до почетокот на октомври. Сепак, се шпекулира дека годинава ќе направи исклучок и ќе се врати во септември за да го поздрави премиерот во заминување Борис Џонсон, како и да ги соопшти имињата на новите кандидати кои ќе се натпреваруваат за премиерската фотелја.

Да потсетиме, иако членовите на кралското семејство немаат вистински одмор и приватност, одењето во Балморал отсекогаш се сметало за нивна оаза на мирот неколку недели. Кралицата сакаше да летува таму со нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.

Share
Scroll to Top