Поради климатските промени, метеоролози добивале закани од теоретичарите на заговор

Поради климатските промени, метеоролози добивале закани од теоретичарите на заговор

пред 9 месеци

Метеоролози во Шпанија се соочиле со закани од теоретичари на заговор, објавија од националната метеоролошка агенција на Шпанија. Заканите ги добиле со рекордните априлски температури годинава, кога настанала тешка суша и се намалило нивото на вода во земјата.

„Убијци, криминалци, ве гледаме“, биле само дел од заканите кои ги добиле во АЕМЕТ во последните неколку месеци. Доаѓале преку социјалните медиуми, веб страни, писма и телефонски повици, а имало и во форма на графити напишани на зградата, пренесе „Си-ен-ен“.

Ваквите заговори обично се засноваат на идејата дека група институции го користат изговорот за климатските промени, или изговорот за решавање на прашање на јавната политика, за да спроведат некоја гнасна агенда.

„Заканите злоупотребите и малтретирањето секогаш им се случувало на научниците на оваа агенција“, рече за „Си-Ен-Ен“ портпаролката на АЕМЕТ, Естреља Гутиерез Марко.

Таа додаде дека неодамна имало наплив на закани, што се совпаднало со екстремните временски услови во Шпанија. Злоупотребата станала уште полоша откако АЕМЕТ објави видео на „Твитер“ во во кое повикува да се прекине вознемирувањето и побара поголема почит.

Дури и владата интервенираше, па Тереза ​​Рибера, шпанската министерка за транзиција и животна средина, на „Твитер“ ја поддржа агенцијата.

„Лажење, давање крилја на заговорите и ширење страв и навреда. Време е да се каже доста“, напиша таа.

Вознемирувањето на метеоролозите од страна на теоретичарите на заговор и негирачите на климата не е феномен само во Шпанија. Националните метеоролошки служби, метеоролозите и климатските комуникатори во земјите од САД до Австралија исто се соочуваат со закани.

Често се обвинети дека го преценуваат и лажат народот, па дури и дека го контролираат времето. Во случајот со Шпанија, голем дел од тролањето се врти околу повторувањето на старата теорија на заговор, таканаречените chemtrails.

Под многу објави на агенцијата на „Твитер“, особено оние поврзани со поекстремните временски услови, корисниците објавија слики од сино небо, исцртано со тенки, бели линии.

Тврдат дека патеките содржат коктел од хемикалии за вештачка манипулација со времето, како што е спречувањето на дожд и предизвикување климатски промени. Тоа е теорија која е целосно отфрлена од научниците.

Авионите испуштаат траги од пареа наречени контраилови, скратено од контраил, кои се формираат кога водената пареа се кондензира во ледени кристали околу малите честички што ги испуштаат млазните мотори. Научниците се едногласни дека нема докази дека постојат хемиски траги.

Во април, метеорологот Изабел Морено објави на „Твитер“ дека дождот ја прескокнал Шпанија и објави фотографија на лента од дожд што се протега низ Европа, но речиси целосно и недостасува Шпанија. Веднаш ја нападнаа, а таа беше неподготвена за одговор.

„Тоа беше едно од најтешките искуства на социјалните мрежи во мојот живот“, рече Морено, која се појавува на шпанскиот телевизиски канал RTVE.

„Добив стотици одговори за очигледно безопасен твит“, рече таа за „Си-Ен-Ен“.

Многумина ја обвинија дека ги прикривала временските манипулации.

„Не не сметајте за идиоти. Тие нè исцрпуваат, а вие сте нивниот гласник“, и коментирале некои од нив

Иако доби поддршка, искуството за Морено било страшно,

„Никогаш не сум видел толкава количина и ниво на агресија“, рече таа и додаде дка и биле потребни неколку дена за повторно се појави на „Твитер“ без да се чувствува вознемирена или потресена.

Овој феномен можеби е особено изразен во Шпанија, но се шири многу подалеку. Во Франција метеоролозите се обвинети за сушата и горештините во земјата.

Од Метео Франс, француската национална метеоролошка служба, рекоа дека комуникациите на агенцијата биле предмет на повеќе напади.

Ова го рече портпаролот на „Метео Франс“ за „Си-Ен-Ен“ и додаде дека дезинформациите за климата на социјалните мрежи се особено распространети.

Се чини дека во пораст се и бројот на напади на научни публикации. Во Австралија, Бирото за метеорологија (БОМ) било бомбардирано со критики поради неговите рекордни извештаи за температурите, со тврдења дека се надуени за да направат климатските промени да изгледаат полоши.

Портпаролката на БОМ ги нарече овие тврдења лажни.

„Бирото транспарентно известува и обезбедува пристап до своите многу големи записи за климатски податоци“, рече таа.

И во Обединетото Кралство, синоптичарите пријавија невидени нивоа на онлајн вознемирување за време на минатогодишниот рекорден топлотен бран.

„Додека научниците ја соопштуваа оваа информација, беа обвинети за поттикнување хистерија“, изјави за „Си-Ен-Ен“ Лиз Бентли, извршен директор на Кралското метеоролошко друштво.

„Мет офис“ дури беше обвинет за промена на палетата на бои на своите мапи за да изгледаат подраматично. „Не, едноставно беше многу жешко“, изјави за Си-Ен-Ен, Оливер Клејдон, офицер за комуникации во Метеоролошката канцеларија.

Ниту американските метеоролози и климатски комуникатори не го избегнаа налетот на злоупотреби и завери.

„Секогаш кога објавував на глобални теми, како што е годишниот извештај за температурата, делот за коментари беше преполн со политички коментари и теории на заговор“, рече Елиса Рафа, метеоролог за Queen City News со седиште во Шарлот, Северна Каролина.

„Како жена во медиумите, добивав повеќе коментари за изгледот отколку за науката што ја пренесував, изјави таа за „Си-Ен-Ен“.

Џенифер Френсис, постар научник во Центарот за истражување на климата Вудвел, рече дека неодамна забележала зголемен број на закани и секојдневно изјави за нејзиното непознавање на климата.

„На луѓето им требаат трендовски теми на кои ќе ги обесат овие теории“, рече Александар Лопез-Борул, предавач на Катедрата за информатички и комуникациски науки на Универзитетот во Оберта де Каталуња во Шпанија.

„Како што Ковид-19 исчезнува од насловите, климатските промени станаа силна точка на собирање. Има голем пораст на навредите за сите организации за временските услови“, изјави тој за „Си-Ен-Ен“ и додаде дека овие типови на заговори обично се засноваат на идејата дека група институции го користат изговорот за климатските промени или изговорот за решавање на прашање на јавната политика, за да спроведат некоја гадна агенда.

„Теориите на заговор се хранат со овој страв нудејќи едноставно, примамливо објаснување“, рече Лопез-Борул. Полесно е да се поверува дека климатските промени се лажни, или манипулација од моќни луѓе, отколку да се размислува за сложениот проблем и што значи тоа за општеството.

Тешко е да се борите против теориите на заговор кога ќе се појават. Некои експерти велат дека нудат едноставни табели и побивања кога можат, но се обидуваат да ги игнорираат оние што доаѓаат со лоша намера. Даг Мекнил, климатски научник и статистичар во Met Office Hadley Centre, британски тинк-тенк, рече дека како научник, тој ги поздравува предизвиците.

„Ако луѓето излезат со подобри докази и не предомислат, тоа е во ред. но овие луѓе не дојдоа со подобри докази. Доаѓаа да не спречат да зборуваме за науката за климата. Многу повеќе се потпираат на копчето за блокирање“, рече тој и додаде дека е многу тешко да ги предомисли луѓето кои навистина веруваат во заговори.

 

 

Share
Scroll to Top