Поради одличното интервју продадени се сите 100.000 примероци од „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа

Поради одличното интервју продадени се сите 100.000 примероци од „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа

пред 2 години

Сите 100.000 примероци се распродадени од новиот број на францускиот „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловната. Ова во понеделникот го потврди директорот на „Плејбој“, Кристоф Флорентин, кој рече дека поради големата побарувачка испечатиле дополнителни 60.000 примероци.

Додаде и дека сите изданија биле продадени за помалку од три часа.

Марлен позираше во облека и ниту на една од фотографиите не е гола, но и покрај тоа сите броеви биле распродадени заради нејзиното одлично, зачинето интервју, велат урендиицте. Шјапа ја критикуваа во Франција затоа што се согласи да позира за „Плејбој“.

Особено ја критикуваа затоа што позирала во време кога француската влада се соочува со голем број критики и притисоци заради пензиските реформи. Шјапа е министер за социјална економија, а за „Плејбој“ позираше во бел фустан и зборуваше за феминизмот и женските права.

Шјапа која беше поранешна државна секретарка за родова еднаквост во периодот од 2017 до 2020, во интервјуто го бранеше правото на жените да бидат онакви какви што сакаат да бидат, пренесе „АФП“.

„Ако сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите што ги сакаат, треба да бидат поддржани во тоа. Но, и ако сакаат да позираат без облека за „Плејбој“, рече Шјапа и истовремено откри дека е горда затоа што напишала еротска литература.

„Дали политиката е љубезна?, Дали чувството на моќ е задоволство? и Дали се сметате себеси за заводничка?“, биле само дел од прашањата во интервјуто.

За потсетување, Министерката задолжена за родова еднаквост, Изабел Ром, ја критикуваше одлуката на нејзината колешка да даде интервју за „Плејбој“.

„Се прашувам зошто избрала списание кое е кондензат на сите сексистички стереотипи за промовирање на правата на жените? Па, тоа е културата на жената-објект“, рече Рим.

 

Share
Scroll to Top