Поради честите кражби и провали, Хари и Меган бараат нов дом

Поради честите кражби и провали, Хари и Меган бараат нов дом

пред 2 години

Принцот Хари и Меган Маркл бараат нов дом во Калифорнија. Наводно сегашниот не им е сигурен поради честите кражби. Живеат во вила во Монтесити, вредна 14 милиони долари, но поради честите кражби сакаат да се преселат во Hope Ranch каде цените се и до 22 милиони долари.

Hope Ranch се наоѓа во округот Санта Барбара во Калифорнија и ова место е посигурно од сегашното, пренесуваат медиумите. Некои велат дека Хари и Меган веќе купиле тука куќа, но иноформациите не се потврдено.

На ова место живеат голем број славни лица како Кети Пери, Адам Левин, Елен Де Џенерис и Џенифер Анистон. Таму ќе имаат погоел мир и приватност за да ги одгледаат децата, велат извори блиски до нив.

Желбата да се преселат доаѓа и од тоа што во местото каде сега живеат, полицијата постави камери за скенирање на регистриските таблици по порастот на криминалот.

За потсетување, во мај годинава Меган и Хари пријавија во полицијата натрапници во куќата. Првиот пат беше на нивната годишнина од брак, на 19 мај. Две недели подоцна, на 31 мај, неколку часа пред да заминат со приватен авион во Велика Британија, во куќата влегол нов натрапник.

Тоа се случи пред да заминат да го прослават платинестиот јубилеј на кралицата. Од полицијата соопштија дека станувало збор за професионалци. Ако се преселат на ранчот Хоуп, ќе имаат сопствена плажа и пешачки патеки.

За потсетување, Хари и Меган вилата во Монтесито ја купија во јуни 2020 година, четири месеци по таканаречениот „Мегзит“, кога ги напуштија должностите на кралското семејство.

Во меѓувреме, потпишаа договор со „Нетфликс“ и „Спотифај“ вреден 135 милиони долари, а Хари би требало да добие дополнителни 20 милиони долари доколку ја објави својата автобиографија.

Поради смртта на неговата баба, кралицата Елизабета Втора, која почина на 96-годишна возраст минатиот месец, по што неговиот татко Чарлс стана крал, Хари, според блиски до него извори, малку ќе ја промени книгата.

Share
Scroll to Top