Поранешен маринец успеал да спаси повеќе од 170 кучиња и мачки од Авганистан

Поранешен маринец успеал да спаси повеќе од 170 кучиња и мачки од Авганистан

пред 3 години

Поранешниот британски маринец Пен Фартинг, кој ја водел кампањата за спасување на животните од Авганистан, успеал да спаси 170 кучиња и мачки од Кабул, градот кој беше нападнат од талибанците, откако американската војска се повлече.

Тој слета со животните на аеродромот Хитроу во Лондон, но неговиот персонал, кој броел 24 члена, не бил со него. Тие останале во Кабул. Основачот на прифатилиштето за животни во Авганистан, рече дека имал помешани емоции кога Пен слетал во Велика Британија со животните, но, без неговите помошници.

Пол Пен Фартин слетал во неделата околу 7 часот утрото. Тој напишал дека има вистинско длабоко чувство на тага поради Авганистанците. Тој, како што пренесува „Скај њуз“, во четвртокот се обидел да го извлече персоналот и да ги спаси животните од Кабул, кога се случи експлозијата на меѓународниот аеродром во Кабул.

Неговиот приватен чартер лет, кој го финансирал самиот тој, слетал во неделата, а во него бил и ветеринарот доктор Иај Мекгли, од Велика Британија, кој бил повикан да патува со него, за да ги надгледува животните.

Животните биле здрави и живи со оглед на тоа што уште од средата тие биле сместени во сандуци во камиони во хаотичниот град Кабул.

„Повеќе од 150 здрави животни се во неверојатна состојба, со оглед на тоа што сè преживеаа. Има неколку од нив кои беа пренесени во болница, затоа што беа малку дехидрирани. Имаше и со помали рани, главно поради тоа што седеа долго време во сандуците“, рече ветеринарот.

Доминик Дир, пријател и активист за заштита на животните, рече дека поранешниот британски војник бил приморан да патува сам назад, откако му било речено дека не е можно да се извлечат луѓето од Авганистан кои требало да ги пополнат местата во авионот.

Тој додал дека тие биле оние од илјадниците Авганистанци кои имале право да ја напуштат земјата. За потсетување, Пен го основал „Новзад“, организација која ги спасува животните во Авганистан. Седиштето му е во Кабул, каде имаат засолниште и ветеринарска клиника.

 

Share
Scroll to Top