Поранешната девојка на Дејв Грол: Не сум изненадена што има дете со љубовницата

Поранешната девојка на Дејв Грол: Не сум изненадена што има дете со љубовницата

пред 1 месец

Пејачот и гитарист на Foo Fighters Дејв Грол неодамна откри дека ја изневерил сопругата и дека со љубовницата добил дете. Неговата поранешна девојка, актерката Кари Вурер, за TMZ изјави дека не е изненадена од веста.

Кари тврди дека со години слушала гласини дека Дејв ја изневерува сопругата Џордин Блум, но дека не го знае идентитетот на жената со која пејачот добил дете.

Кари и Дејв се забавуваа во доцните 90-ти. Актерката вели дека се гледале додека тој се уште бил со тогашната девојка Тина Басич. Сепак, таа тврди дека тогаш не знаела дека Дејв се уште е со Тина.

„Никогаш не слушнав за неа. Тој никогаш не зборуваше за тоа“, рече таа.

Медиумите потсетуваат дека Дејв ја призна аферата на социјалните мрежи и објасни дека прави се за да ја заслужи прошката на семејството.

„Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно. Планирам да и бидам родител со љубов и поддршка“ напиша тој.

Извори подоцна изјавиле дека Грол имал љубоморни испади кон сопругата и ја обвинил дека имала афера со неговиот тренер Кристофер Краб (54). Изворот претпоставува дека Грол ја обвинил сопругата за неверство за да ја скрие трагата на сопствената афера.

“Дејв Грол со години беше љубоморен на тренерот на својата сопруга. Често се караа поради него. Неговата сопруга му рекла дека е луд поради тоа, односно дека такво нешто може дури и да му текне. Но, тој беше упорен. „Џордин вежба тенис најмалку три пати неделно. Таа сега верува дека Дејв намерно ја обвинил за неверство за да го одвлече вниманието од неговата афера“, вели извор за медиумот.

Дејв и неговата сопруга, поранешна манекенка и продуцентка, Џордин Блум, се заедно повеќе од 20 години. Тие се венчаа во 2003 година, а заедно имаат три ќерки – Виолет Меј (18), Харпер Вилоу (15) и Офелија Сент (10).

Share
Scroll to Top