Поранешниот сопруг на трагично загинатата глумица, Наја Ривера, Рајан Дорси, планира да ги тужи одговорните во округот Вентура, во Калифорнија, место каде годинава се удави глумицата.
Тој ги смета за виновни одговорните лица во овој оркуг, во кое се наоѓа езерото во кое Ривера се удави. Глумицата трагично загина откако претходно, заедно со нејзиниот син, пловеле со чамец.
Нејзиниот четиригодишен син Џоузи успеал да се спаси, додека нејзиното тело било најдено по пет дена потрага. Според Рајан, одговрните за чамецот, требало истиот да го опремат со појаси за спасување.
Тој сега плнира да покрене судски постапка. Смета дека несреќата можела да биде спречена, ако во чамецот во кој се наоѓале неговата сопруга и син, бил допро опремен.
Тој вели дека во чамецот немало безбедносна опрема, пристапни скали, одговарачко јаже, судро, радио или било какви безбедносни механизми, кои би ги спречиле луѓето да се одвојат од своите чамци. Во прилог на тоа му оди и истрагата која утврдила дека во чамецот намло појаси за спасување. Ова автоматски претставува кршење на законот.
Во документот е наведено дека Наја изнајмила стар чамец, кој бе бил обновен и кој не ги задоволувал безбедносните стандардни.
За потсетување, овој септември, момчето за прв пат зборувало за последните моменти поминати со неговата мајка. Тоа изјавило дека неговата мајка му рекла да се врати на бродот веднаш откако скокнала во вода.