Членка од португалската евровизиска делегација е позитивна на корона и ќе мора да остане во изолација седум дена. Дека има коронавирус било потврдено утрово при рутински тест во Торино. Другите членови на делегацијата засега се добро и не покажуваат никакви симптоми.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Во согласност со здравствениот и безбедносен протокол на Евросонг, сите тие направија уште еден ПЦР тест, по што се вратија во хотелот.
Според Протоколот за здравје и безбедност кој е на сила за Евровизија 2022 година, остатокот од делегацијата не е обврзан да влезе во изолација или карантин, но, според италијанскиот закон, мора да носат маски цело време додека се и на отворено и во затворено, освен во своите соби. Инаку, според правилата на Евровизија, сите членови од секоја делегација се тестираат на секои 72 часа.