Последно збогум за маестро Александар Џамбазов и комеморација во МОБ: Погребот ќе биде во кругот на семејството

Последно збогум за маестро Александар Џамбазов и комеморација во МОБ: Погребот ќе биде во кругот на семејството

пред 3 години

Актерот Игор Џамбазов објави дека утре е испраќањето на неговиот татко, маестро Александар Џамбазов , кој почина на 25 јануари.

„Драги пријатели, утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо, Џамбаз.  Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и убавите зборови. Ве известуваме дека погребот ќе биде од затворен тип, се заради ковид-протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање“, напиша Игор, кој објави и портрет од својот татко кој го направи уметникот Зоран Кардула.

Фото: Инстаграм

Share
Scroll to Top