Посни кросани со џем - Reporter.mk

Посни кросани со џем – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

850-950 гр брашно
1 лажица сол
40 гр свеж квасец
2 лажици шеќер
200 мл млеко од соја
150 мл масло
1 ванилин шеќер
200 мл минерална вода
1 посен маргарин за премачкивање
џем или посен крем за фил

Начин на подготовка:

Активирајте го квасецот и замесете мазно тесто од сите состојки. Оставете да нарасне, а потоа исечете ги на шеснаесет парчиња. Од секое парче се прави топче па се размесува и се премачкува со маргарин. Наредете ги круговите еден над друг. Оставате да отстои. Развијте голем круг со сукало и сечете триаголни парчиња како за кифли. Секое парче намачкајте го со посен крем или џем, и свиткајте го во форма на кроасан. Печете на 180 степени 25-30 минути.

Share
Scroll to Top