Поставен е автомат за свежо млеко во Нови Сад

Поставен е автомат за свежо млеко во Нови Сад

пред 2 години

Граѓаните на Нови Сад добија млекомат од каде може да наточат свежо козјо или кравјо млеко. Млекоматот работи 24 часа, а млекото е донесено од фарма на Фрушка Гора.

dobivaj vesti na viber

Кравјовото млеко е по цена од 1,30 евра, а козјото млеко по цена од 1,70 евра. Пред да се консумира млекото мора да се свари бидејќи не е преработено, туку е органско.

На самиот млекомат може да се купи и шише доколку граѓаните не понеле со себе, но нагласено е во упатството начинот на употреба. Препорачливо е да се купи соодветното шише кое чини 10 денари, бидејќи доколку понесете свое, може да не е соодветно на апаратот.

Граѓаните сметаат дека покрај тоа што ќе добијат свежо млеко, млекоматот ќе им помогне на фармерите да добијат реална цена за својот производ.

 

Share
Scroll to Top