Американската актерка Нишел Николс, која се прослави како поручничката Ниота Ухура во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, почина на 89 години. Таа преку оваа серија стана една од првите црни актерки во САД која играше лик со авторитет.
Актерката потоа беше ангажирана од НАСА како амбасадорка за да охрабрува жени и Афроамериканци да станат астронаути.
Во една епизода од 1968 година, од серијата „Ѕвездени патеки“ таа и Вилијам Шатнер се бакнаа, што беше еден од првите меѓурасни бакнежи на американската телевизија, во времето кога бракот помеѓу белци и црнци сè уште не бил озаконет во 17 сојузни држави.