Почина актерот Мичел Рајан - Reporter.mk

Почина актерот Мичел Рајан – Reporter.mk

пред 3 години

Американскиот филмски и ТВ актер Митчел Рајан, познат по улогата на злобниот генерал во „Смртоносно оружје“ почина вчера на 88-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврди неговата ќерка Дениз Фрид која за холивудските медиуми изјави дека тој починал од конгестивна срцева слабост во неговиот дом во Лос Анџелес

Рајан беше веднаш препознатлив на ТВ штом почна да се занимава со јавна дејност. Неговата кариера траеше повеќе од половина век, почнувајќи со неговата улога во филмот на Роберт Мич од 1958 година, „Патот на громот“. Се прослави и со улогата на безмилосен бизнисмен во ТВ серијата „Санта Барбара“, како и со улогите во сапуницата „Темни сенки“ и ситкомот од 1990-тите „Дарма и Грег“.

Share
Scroll to Top