Британскиот актер Пол Ритер почина, од тумор на мозокот, на 55-годишна возраст, објави денеска неговиот агент.
Агентот на Ритер за „Гардијан“ изјави дека актерот починал дома, а членовите на семејството биле со него.
„Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Франк и Ном покрај него. Имаше 54 години и страдаше од тумор на мозокот. Пол беше исклучително талентиран актер. Беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува“, рече неговиот менаџер.

Ритер е познат по улогите во филмовите „Хари Потер и полукрвниот принц“, „Џејмс Бонд: Зрно утеха“, во комедијата „Вечера во петок навечер“ и во серијалот „Чернобил“.
Пол се прослави со неговата реплика во „Чернобил“, „Не е одлично, не е страшно“ („Not great, not terrible“), која ја опишува ситуацијата по нуклеарната катастрофа. Во серијалот тој го играше ликот на Анатолиј Дјатлов, шефот на смената во нуклеарната централа.






